Игор Тудор ќе добие отказ од Марсеј?!

Француските медиуми објавуваат дека тренерот на Марсеј, Игор Тудор, на крајот од сезоната ќе добие отказ. Од францускиот клуб не се задоволни од резултатите на Марсеј, иако долго водеа голема битка со ПСЖ за титулата во Лига 1.

Марсеј во моментов е на третата позиција на табелата и најверојатно тука и ќе остане, со оглед на тоа дека на две кола до крајот на првенството има пет бода помалку од второпласираниот Ленс. Тоа значи дека Марсеј ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а доколку не успеее, ќе се пресели во групната фаза на Лигата на Европа.

Хрватската легенда на клупата на Марсеј пристигна летото 2022 година и има договор до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести