Игра лидерот, а квотата за негова победа е поголема отколку за нерешено или пораз

Екипите на Силекс и Струга Трим Лум денеска во 13 часот го отвораат 16-тото коло во Првата македонска фудбалска лига. Клупскиот фудбал во Македонија се враќа по двонеделна пауза, а останатите четири меча од оваа рунда се играат утре.

Кратовци се благи фаворити на хартија според квотите во Sport Life, иако три кола по ред не знаат за победа, и имаат седум бода помалку од стружани кои се први на табелата.

Струга уште од 4-ти септември нема победа на гостински терен, а нивен тренер е Срѓан Захариевски, кој како играч во минатото, се прослави во дресот на Силекс.

- Оглас -

Најнови вести