Играа две финалиња на КЕШ против Реал Мадрид, а се враќаат во Европа после 57 години

Ремс ќе ја претставува Франција во Лига Европа во следната сезона, клубот ќе почне со настапи во второто квалификациско коло, а ова е враќање на некогаш славниот Ремс во евро-куповите после дури 57 години пауза.

Ремс сезонава во француската лига заврши на шесто место, па бидејќи ПСЖ синоќа во финалето на Лига купот го совлада седмиот Лион, место во ЛЕ ќе има и за Ремс.

Црвено-белите од Ремс во 1956 и 1959 година играа финалиња во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), и двапати губеа од славниот тим на Реал Мадрид предводен од Алфредо Ди Стефано.

- Оглас -

Најнови вести