Играа Веспрем против Веспрем, а Манасков даде девет гола

Дејан Манасков постигна девет погодоци во новата победа на Веспрем во унгарскиот шампионат од 35:27, а противник им беше екипата со исто име, Веспрем, но со додавката ККФТ.

Станува збор за градско дерби, иако според разликата во квалитетот овој меч не може да се нарече дерби.

Тимот за којшто настапува нашиот репрезентативец има максимален скор од четири победи од исто толку средби во домашниот шампионат и се наоѓа на второто место, и тоа само поради фактот дека Пик Сегед има исто така максимален скор по шест одиграни натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести