Астон Вила го победи Евертон со 2-1 во меч на кој првпат еден против друг како тренери се надмудруваа Стивен Џерард и Френк Лампард.
Легендите на англискиот фудбал 59 пати играа заедно за националниот тим, 20 пати играа еден против друг, а денеска првпат се сретнаа еден против друг во поинаква улога. Џерард има подобар состав на располагање од Лампард, па и победата на Вила е прилично очекувана.
Евертон има два порази во првите две кола, и откако во минатата сезона се провлече, делува дека овојпат ќе им биде тешко да изборат опстанок.