Играч е на Челзи, а од Барнли се пресели во Астон вила

Дени Дринквотер го заврши својот престој во Барнли откако позајмицата од Челзи му истече на 6 јануари. Сега Дринквотер премина во Астон вила, откако Челзи прифати и понатаму да исплаќа значаен дел од платата.

Дринквотер утре нема да игра против неговиот поранешен клуб Лестер во полуфиналето на Карабао купот, но во дресот на клубот од Бирмингам би можел да дебитира в недела, против Манчестер сити во меч од Премиер лигата. Тренерот на Вила, Дин Смит, е задоволен што ќе има на располагање фудбалер кој беше англиски репрезентативец и клучен член на шампионскиот тим на Лестер од 2016 година.

Во Барнли, Дринквотер одигра помалку од еден час во Премиер лигата, а имаше и повреда на глуждот, по што го нападнаа неколку мажи пред ноќен клуб во Манчестер. Од Лестер во Челзи премина во септември 2017 година за 35 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести