Играч на Барселона тврди дека Манчестер сити e главен фаворит за титулата во ЛШ

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело, изјави дека Манчестер сити е главен фаворит за триумф во Лигата на шампионите.

Кансело е член токму на Манчестер сити, но сезонава игра како позајмен играч во Барселона и утревечер со каталонскиот тим ќе игра во реванш осминафиналниот дуел против Наполи во ЛШ.

„Манчестер сити е фаворит за триумф во ЛШ. Мислам дека се фаворити поради тимот кој го имаат, поради стилот на игра, како и поради менаџерот. Сигурен сум дека можат двапати по ред да го кренат шампионскиот пехар“, изјави Кансело за „Газета дело Спорт“.

- Оглас -

Најнови вести