Играч на Борусија Дортмунд влезе од клупата за резерви а стана најбрзиот стрелец во историјата на Бундеслигата (ФОТО)

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џулијан Бранд стана најбрзиот играч во историјата на Бундеслигата кој што успеал да даде гол, откако мечот го започнал од клупата за резерви.

Тој на средбата против Штутгарт, на теренот влезе во шестата минута, додека во 12-та  ја погоди противничката мрежа и со тоа влезе во аналите на најквалитетната германска лига.

Бранд погоди и во 71-та минута со што донесе три бода за гостите, кои пак стигнаа до бројката од 60 по 28 одиграни натпревари и се сигурни на второто место.

- Оглас -

Најнови вести