Играч на Челзи го прослави отказот на Лампард, навивачите го обвинија за непочитување (Фото)

Фудбалерот Дени Дринквотер, кој е член на Челзи, а сезонава настапува како позајмен во турскиот прволигаш Касимпаша, изгледа се израдува дека Френк Лампард веќе нема да биде менаџер на Сините од Лондон, па на „Инстаграм“ објави фотографија на која се радува по еден постигнат гол во дресот на Лестер, со кого стана првак.

Многумина ова го толкуваат како радост на Дринквотер што Лампард е разрешен. Фановите на Челзи остро реагираа, па играчот мораше да се дообјаснува за постирањето на сликата, за која тврди дека нема никаква позадина наменета против Лампард.

„Кога ја објавив сликата, не ја знаев информацијата дека Лампард е сменет. Ми недостасува играњето. Менаџерот беше некој што многу го почитував како играч“, напиша Дринквотер откако ги прочита реакциите.

Додека Лампард беше менаџер на Челзи, Дринквотер не одигра ниту еден меч за тимот, постојано го испраќаа на позајмици.

- Оглас -

Најнови вести