НФЛ-ѕвездата Антонио Браун, кој заработува 3,1 милиони долари по сезона во Тампа Беј буканирс, со еден непромислен потег остана без работа. Браун среде меч на гостувањето во Њујорк кога виде дека нема да биде во тимот за претстојната акција, се налути, ги соблече дресот и ракавиците и си замина од терен.
Antonio Brown has a meltdown at the hand of the #Jets and #BraxtonBerrios pic.twitter.com/RGhSYpyrOu
— Miller (@mmmmillah) January 2, 2022
Браун е познат како проблематичен, но никој не очекуваше дека ќе приреди ваков скандал среде натпревар. По мечот, тренерот на Тампа беј рече дека Антонио веќе не е нивен играч, во авионот со кој се вратија дома го немало Браун, а НФЛ-играчот бил виден во едно такси во Њујорк и бил насмеан.
Video of Antonio Brown leaving the field after taking off his jersey and shirt and throw it into the stands. pic.twitter.com/1hwNYei5Fq
— Field Yates (@FieldYates) January 2, 2022