Играч на Реал Мадрид може да заглави во затвор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Серхио Дијаз е меѓу неколкумината фудбалери на кои им се заканува затвор поради прекршување на правилот за карантин во Парагвај. Дијаз сезонава игра како позајмен играч во Серо Портено, а бил дел од групата на луѓе кои присуствувале на забава кај соиграчот Себастијан Фереиро.

Полицијата реагирала по пријава на соседите, кои се жалеле дека често има врева кај соседот фудбалер. Кога пристигнала полицијата, фудбалерите се правдале дека заедно тренирале, но тешко дека тоа ќе им биде прифатлив изговор за собирите.

Реал Мадрид го купи Дијаз во 2016 година, но уште нема дебитирано за првиот тим, откако четири години помина во резервниот состав на Кралевите или како позајмен играч во други клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести