Играч на Реал со солзи во очите го напушти тренингот

Талентираниот 22-годишен стопер на Реал Мадрид, Хесус Валјехо, едноставно нема среќа кога се работи за повредите. На синоќешниот тренинг тој се здоби со нова повреда на мускулот на ногата и мораше предвреме да го напушти теренот. Како што пишува шпанска „Марка“, Валјехо со солзи во очите си заминал, додека тренерот Сантијаго Солари се обидувал да го утеши.

https://twitter.com/ReaIMadridOnly/status/1084821018957484033

Младиот дефанзивец едноставно нема среќа сезонава. Ова е четврта повреда за него. Веќе има пропуштено 72 дена поради повреда на бутниот мускул на ногата, а сега му следува нова подолга пауза. Валјехо на „Сантијаго Бернабеу“ дојде пред 18 месеци и досега има одиграно само 14 средби. Сезонава настапи само во Купот против Мелиља и во Лигата на шампионите против ЦСКА Москва.

 

- Оглас -

Најнови вести