Играч на Рубин имаше подобро деби од Роналдо: Хет-трик најавен со опасна „штикла“ (видео)

Деби од соништата оствари Андрес Дрејер, данскиот напаѓач кој неодамна се пресели во редовите на Рубин Казањ од Митјиланд. Попладнево 23-годишниот напаѓач дебитираше за пораншениот руски шампион и веднаш ги освои симпатиите на навивачите откако во победата над Урал со 4-0 забележа хет-трик.

Дрејер веќе во втората минута изведе ремек-дело кога со „штикла“ го најави торпедирањето на гостите. До хет-трикот стигна во второто полувреме, откако зголеми на 3-0 во 80-тата, односно ги постави убедливите 4-0 во првата минута од судиското надополнување.

- Оглас -

Најнови вести