Играч за големи мечеви, дава голови само против Реал и Барселона

Рускиот фудбалер Федор Смолов, вчера постигна гол со кој му помогна на својот тим Селта Виго да одигра нерешено против Барселона, а има еден интересен податок врзан за Смолов и неговите игри во дресот на клубот од областа Галиција.

Откако пред почетокот на сезонава Смолов прејде во Селта како позајмен од Локомотив Москва, има дадено два гола во шпанската лига и тоа против најголемите клубови. Дебитантскиот гол на Смолов во Ла Лига беше на 16-ти февруари на „Сантијаго Бернабеу“ кога погоди против Реал Мадрид во ремито од 2-2. И сега Смолов даде гол против тим кој се бори за титула, и пак Селта одигра изненадувачки 2-2, овојпат со Барса, иако овојпат Селта беше блиску и до победа, но гостите ги спаси неверојатната утка на Нолито во последните секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести