Играчите на Ајакс во авион си играат „Не лути се човеку“ (Видео)

Експедицијата на Ајакс полета од Амстердам кон Лондон, каде утревечер против Тотенхем ќе го игра својот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Популарните „копјаници“ кои на патот до полуфиналето во ЛШ, во претходните две рунди ги елиминираа фаворизираните Реал Мадрид и Јувентус, па сега се во улога можеби и на благи фаворити против ослабениот Тотенхем.

Ајакс има доста млад тим, а дека уште се „деца“ и не се разликуваат премногу од своите врсници, потврдува и однесувањето на дел од нив во авионот, пред полетувањето за Лондон. Тие времето го трошеа играјќи „Не лути се човеку“. Ветеранот Клас Јан Хунтелар како „стар волк“, ги задева и дели пријателски „заушки“, но сето тоа се прифаќа со насмевка и атмосферата во тимот не може ништо да ја расипе.

https://twitter.com/i/status/1122799749499895808

- Оглас -

Најнови вести