Не игра во Реал, ама клубот за него бара 60 милиони евра

Раководството на Реал Мадрид ја одреди цената за напаѓачот Гонзало Гарсија, кој е меѓу играчите што се на листата за заминување во летниот преоден рок. Иако во моментов има споредна улога во плановите на тренерот Алваро Арбелоа, раководството на Кралскиот клуб не е подготвено лесно да се раздели со него.

Според информациите на шпанскиот весник „АС“, директорите поставиле цена од најмалку 60 милиони евра за неговите права. Доколку се реализира ваков трансфер, Гонзало Гарсија би станал вториот најскап излезен трансфер во историјата на академијата на Реал Мадрид.

Рекордот сè уште го држи Алваро Мората, за кого Челзи плати 80 милиони евра.

Гонзало Гарсија ја започна сезоната како клучна фигура во составот на поранешниот тренер Чаби Алонсо, но по доаѓањето на Арбелоа неговото влијание значително се намали. Во последните пет натпревари од Ла Лига има одиграно само 15 минути.

Во тековната сезона Гонзало Гарсија има вкупно шест гола и две асистенции на 34 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести