Играчите на Атлетико во јуриш – Титулата се славеше на паркинг, Облак е „Бог“ за навивачите (видео)

Од терен право на славење со навивачите. Фудбалерите на Атлетико Мадрид не издржаа, а да не се измешаат меѓу толпата фанови која допатува од Мадрид до стадионот „Зорилја“ каде што нетпрпеливо се чекаше финишот на сезоната во која Јорганџиите ја освоија 11-тата титула во клупската кариера.

Вистинска фешта се случи на паркинот пред стадионот на Валјадолид, а Облак беше „жртва“ откако навивачите го креваа во воздух и го величеа.

Словенечкиот голман по петти пат ја освои наградата за најдобар чувар во Шпанија, откако дозволи само 25 гола во 38 натпревари, односно 18 пати ја сочува мрежата и оствари вкупно 103 одбрани во текот на целата сезона.

- Оглас -

Најнови вести