Играчите на Борусија се фаќаа за глава кога видоа што промаши Халанд (Видео)

Борусија Дортмунд го игра третиот контролен меч пред стартот на новата сезона, а ривал им е Атлетик Билбао. По првото полувреме резултатот е 0:0, а најглема заслуга за тоа што нема погодоци е неверојатното промашување на првиот стрелец на Борусија, Ерлинг Браут Халанд.

Всушност тоа беше одлична интервенција на гол линијата на Алварез, кој успеа да го изблокира ударот на Халанд од самата гол линија. Дел од играчите кои видоа дека Халанд не успеа да ја затресе мрежата на противнкот, во неверување се фатија за глава.

 

- Оглас -

Најнови вести