Играчите на Јувентус се откажаа од платите до тој степен што клубот ќе заштеди 90 милиони евра!

Италијанскиот првак Јувентус и официјално објави дека е постигнат договор со фудбалерите, за до крајот на сезоната околку висината на платата. Поради пандемијата со Коронавирусот, сите фудбалски клубови се во голема загуба и паднаа во финансиска криза.

Во многу клубови има несогласување на релација фудбалери-управа, затоа што играчите едноставно не сакаат да се откажат од своите плати. Додека другите се ценкаат колку да им биде намалена платата, во Јувентус играчите постигнаа неверојатно единствно.

Договорено е драстично колективно намалување на платите за март, април, мај и јуни, а од Јувентус открија дека на тој начин клубот ќе заштеди неверојатни 90 милиони евра.

„Со оваа мерка, клубот ќе заштеди 90 милиони евра во оваа економска криза во која светот се бори со пандемијата од Коронавирусот“, стои во дел од соопштението на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести