Играчите не смеaт да имаат „Фејсбук“ и „Инстаграм“, инаку нема плата

Сопствениците на клубовите и тренерите се обидуваат на најразлични начини да ги доведат своите играчи до најдобра форма. Некогаш тоа се прави со парични стимулации, некогаш со добивање слободен ден, а некогаш и со најразлични забрани.

Токму една таква чудна забрана има наметнато првиот човек на египетскиот клуб Замалек. Пртседателот Мортади Мансур реши да им забрани на играчите да користат социјални мрежи и ниту еден фудбалер не смее да има фејсбук или инстаграм-профил.

„Никому не му е дозволено да има фејсбук-профил. Изберете, меѓу „Фејсбук“ и „Инстаграм“ или Замалек! Кој ќе реши да отвори профил на друштвена мрежа, ќе биде казнет со половина плата, а секојпат кога нешто ќе постира казната ќе биде уште подрастична“, луто викал претседателот на Замалек, Мансур.

Првиот човек на Замалек е познат по казните. Пред две години, Замалек загуби во финалето од африканската Лига на шампиони, а секој играч беше казнет со по 5.000 долари.

По првите три кола во првенството на Египет, Замалек има седум бодови и секако ќе биде еден од фаворитите за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести