Играчите се тепаа, влезе и публиката (Видео)

Дуелот меѓу шпанските нисколигаши Бон Пастор и УД Кармела е прекинат по масовната тепачка во која учествуваа фудбалерите на двата тима и публиката.

Инцидентот се случи на две минути пред крајот, кога судијата покажа два црвени картони, по еден за двата тима. Во тој момент домашниот фудбалер тргна да се тепа со противничкиот играч и се случи хаос. Веднаш се приклучија и сите останати играчи, а потоа на теренот се најдоа дел од гостинските навивачи, а потоа влегоа и домашните фанови.

Судијата немо го следеше хаосот и на крајот отсвири предвремен крај. Засега нема информации за повредени во хаосот.

 

- Оглас -

Најнови вести