Играчите со дрвени презимиња ги „здрвија“ Лисиците

Лестер по овој пораз дефинитивно отпадна од трката за шампионската титула во Премиер лигата, ако воопшто и постои таква трка. Лисиците загубија со 1-2 на гостувањето кај Барнли, а меѓу трагичарите е Џејми Варди.

Барнс го постигна водечкиот гол за Лестер во 33-тата минута од првиот дел, и се чинеше дека тимот на Брендан Роџерс ќе освои нови три бода. Сепак, Вуд во 56-тата минута израмни, а за комплетниот пресврт се погрижи Вествуд на десетина минути пред крајот на средбата. Пред голот за 2-1, Варди промаши пенал во 68-та минута, па така најдобриот стрелец во шампионатот стана трагичар за гостите.

Барнли воедно стави крај на серијата порази од четири меча и се поправи на табелата до 14-тата позиција со 27 бода, додека Лестер останува трет со 45 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести