Играчите со фломастер ги пишуваа броевите на дресовите (Видео)

Рускиот тим Рубин Казањ одигра без голови на гости кај Раков во Полска, во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од новото европско натпреварување, Конференциската лига. Иако немаше погодоци, овој меч се најде во центарот на вниманието поради еден необичен проблем со кој се соочија гостинските фудбалери.

На дресовите на Рубин, бројките кои беа на грбот од дресот беа речиси невидливи, па судиите побараа да биде решен тој проблем. Русите на необичен начин го решија неочекуваниот проблем. Со фломастер исцртаа линии на бројките на дресовите, а судиите прифатија дека видливоста е подобра, па мечот се одигра.

https://streamable.com/ddqw9u

- Оглас -

Најнови вести