Играчот на Манчестер јунајтед објасни зошто го допрел знакот на Ливерпул пред дербито

Историски пораз претрпе Манчестер јунајтед на гостувањето кај Ливерпул со 0:7, а два дена по тој дебакл, главна приказна е потегот на Вут Вегхорст. Напаѓачот на Манчестер јунајтед пред мечот, го допре знакот на Ливерпул, нешто што најчесто го прават фудбалерите на Црвените, но не и гостинските играчи.

Поради овој потег на Вегхорст, голем дел од фановите на Манчестер беа револтирани, па дури бараа и раскин на договорот на холандскиот напаѓач. Вегхорст реши да објасни за што се работи.

„Никогаш досега не сум реагирал на пишувањата во медиумите, но овојпат сакам да објаснам, поради вас сјајните навивачи на Манчестер јунајтед, кои сме ми многу важни. Сакам да ја објаснам ситуација со видеото кое се појави. Од репрезентацијата знам дека Вирџин ван Дајк секогаш го допира тој знак пред мечот и едноставно сакав да го изнервирам. Горд сум што сум играч на Манчестер јунајтед и воопшто не е спорна мојата посветеност за овој клуб. Неделата беше грозен ден за нас и ќе дадеме најдоброто од нас тоа да го промениме во следните мечеви“, вели во објаснувањето Вут Вегхорст.

- Оглас -

Најнови вести