Играчот на Милан постигна еден гол, но сезоната може да ја заврши на нула

Фудбалерот на Милан Алексис Салемакерс во досегашниот дел од сезоната постигна еден погодок, но на крајот од сезоната може на неговото салдо да стои „нула“. Како е тоа можно?

Белгискиот интернационалец погоди во победата на Милан од 2:0 против Салернитана, и тоа на меч одигран пред неполни две недели. Салернитана е најслабиот тим во Серија А и се очекува да испадне, но тоа може да се случи и пред крајот на сезоната.

На Салернитана ѝ се заканува исфрлање од Серија А, па доколку тоа се случи, нивните досегашни резултати ќе бидат поништени и сите 38 натпревари ќе бидат регистрирани со службени победи на противниците од 3:0.

Во еден таков случај, голот на Салемакерс ќе биде поништен, а ако играчот од средниот ред не постигне друг гол, на неговото салдо ќе стои нула.

- Оглас -

Најнови вести