Играјте ја Барса и фудбал и кошарка

Неизбежните квоти на денот на SPORT LIFE нудат три фудбалски мечеви од Азиското првентво и куповите на Шпанија и Турција, а ви предлагаме и мини-анализи од уште по еден ракомет и кошаркарски дуел како помош при прогнозирањето.

 

Саудиска Арабија – Катар (17.00 часот)

Тешко е да се каже која репрезентација е подобра, засега добро им оди, немаат примено гол во двете кола, и едните и другите беа убедливи против Либан и Северна Кореја, па ова е битка за првото место во групата Е од Азискиот куп. Би требало да биде тврд меч, а меѓусебе овие селекции не играле од 2014 наваму. Традицијата е на страната на Катар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

Барселона – Леванте (21.30 часот)

Малкумина веруваа дека Барселона може да го загуби првиот дуел против Леванте во Купот, па сега на реваншот на „Камп ноу“ домашните се големи фаворити. Леванте веројатно со бункер ќе ја брани предноста од 2-1 која ја има од првиот меч. Меси даде три гола во лигашкиот меч против Леванте и ако игра вечерва, сигурно повторно ќе има голови во мрежата на тимот од Валенсија.

Предлог тип: Т1 2+I & 1+II (2.35)

 

Умранијеспор – Фенербахче (18.30 часот)

Второлигашот Умранијеспор игра солидно во својата конкуренција, но против големиот Фенер, и тремата може да биде проблем за домашните. Колку и да игра лошо, Фенербахче е големо име и има неспоредливо поголемо искуство. Умраније има низа од пет меча со даден и примен гол, па за Фенер не би требало да има проблем.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.45)

 

Шпанија – Хрватска (20.30 часот)

Најдобрите тимови од групата на ракометното СП во која е и Македонија ќе се борат за прво место во друштвото Г и пренесување на четири бода во следната фаза. Последниот пораз на Шпанија е на Медитеранските игри, и тоа од Хрватска, па „црвената фурија“ има мотив плус. Тешко е да се каже кој е фаворит, иако според коефициентите, предност има Шпанија.

Предлог тип: Т1 > 27.5 (1.90)

 

Макаби Тел Авив – Барселона (20.05 часот)

Барселона во Евролигата има пет победи по ред, а гостува кај Макаби, кој неодамна ја совлада ЦСКА, па на Каталонците им претстои тешка задача во Тел Авив. Барса беше убедлива дома против Макаби, го запре на 58 поени, но овојпат Гордоста на Израел игра пред своите фанови и сигурно ќе биде поефикасен.

Предлог тип: < 157.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести