Играјте Спортска прогноза, можеби ова е вашето среќно коло

Новото, четврто коло од Спортската прогноза е можеби и најинтересно сезонава според двојките кои ги има во понудата. Тимовите се познати, предизвикот е тука. БЕСПЛАТНАТА игра ви нуди можност да добиете мобилен телефон iPhone XS или вредносни ваучери од Sport Life. 

Меѓу другите, ќе треба да го погодите исходот од мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал, истанбулското помеѓу Галатасарај и Фенербахче, а во англиската Премиер лига како шлаг на ова коло ќе биде дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, во понеделник од 21 часот.

Вашите прогнози можете да ги ставате до сабота до 15.30 часот. Дотогаш можете и да ги менувате типовите ако се премислувате. Среќна 13-ка секое коло ви нуди можност за освојување на iPhone XS, додека со 12 и 11 погодоци се добиваат вредносни ваучери од Sport Life. Единствено што ви треба е да имате клуб картичка од Sport Life и да се регистрирате за да може да прогнозирате. Оваа можност во минатото коло ја искористија над 1.000 прогнозери.

Сите што типувале, се борат и за Генералниот пласман. Колку повеќе редовно играте, толку ви се поголеми шансите да добиете награда.

Досега на стартот од втората сезона максимумот погодени е 11 двојки, а за да го имате во колекцијата популарниот „ајфон“, треба да се погодат сите 13 двојки во основната програма. Тука се 13-те двојки од основната понуда и плус уште два резервни пара кои се важат само во трката во Генералниот пласман.

За да бидете во тек, читајте Спорт Манија и, секако, одиграјте го четвртото коло на Спортска прогноза во обидот да дојдеме до првиот добитник на прекрасниот iPhone XS.


- Оглас -

Најнови вести