Играше меморијален меч во чест на неговиот брат, падна на теренот и почина

Италијанскиот фудбалер Џузепе Перино почина на 29 години додека играше меч во чест на неговиот починат брат. Перино починал од срцев удар додека бил на теренот, во мечот организиран во чест на неговиот брат Роко, кој почина пред три години. Роко беше велосипедист кој почина од срцев удар на тренинг во 2018 година, само на 24 години. Сега, на ист начин си замина и неговиот брат Џузепе.

Во фудбалскиот центар Кагиљело често има мечеви кои се играат во чест на млади починати спортисти, а оваа година мечот беше посветен на Роко и уште еден млад спортист. На сред натпревар, Џузепе паднал на теренот, срцето не му издржало.

Џузепе е поранешен играч на Парма, а има играно и во повеќе други нисколигашки екипи. Градоначалникот на Наполи, Маурицио Фаланга, ја откажа церемонијата за Денот на Републиката.

„Сочуство до семејството. За жал, Џузепе повторно е со својот сакан брат. Беше многу добар, одеше на проби во добри тимови, неговиот татко често го гледаше од трибините“, рече градоначалникот на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести