Играше во Барселона и Манчестер сити и го споредуваа со Меси ама направија голема утка (ФОТО+ВИДЕО)

Израелецот Гаи Асулин своевремено важеше за еден од најголемите таленти кои излегоа од познатата Ла Масија.

Израелецот кој е роден во 1991 година беше споредуван со Лео Меси, во првиот тим на Барселона беше повикан од страна на Пеп Гвардиола, а иако не успеа да дебитира за првиот тим, тој направи трансфер во Манчестер сити на почетокот на минатата декада.

Но, и од таму беше испраќан на неколку позајмици и не успеа да забележи дебитантски настап. Израелецот не ги исполни очекувањата а денеска на 30 години игра за фудбалскиот клуб Крема од Италија.

Овој тим се наоѓа на шестото место во групата Б од четвртата италијанска лига односно Серија Д лига.

- Оглас -

Најнови вести