Играше за Англија, алкохолот го уништи, а сега повторно е на врвот

Стивен Кокер некогаш беше еден од најголемите таленти во англискиот фудбал. Започна во школата на Тотенхем и со 18 години дебитираше во сениорскиот тим. Кога наполни 20 години, Кокер доби повик за настап во англиската репрезентација. На пријателскиот меч против Шведска, во дебитантскиот настап успеа да даде и гол.

Сепак, од тој момент, наместо кариерата да му оди во нагорна линија, се случи невиден пад за Кокер. Тогаш започнаа неговите проблеми со алкохолот, па најчесто играше како позајмен играч во помалку квалитетни тимови како Јеовил, Бристол, Свонси, Кардиф и Квинс Парк Ренџерс. Откако во 2018 година си замина од Данди, реши спасот на кариерата да го бара во Турција.

Кокер потпиша за Алањаспор во 2019 година и не згреши. Англичанецот сега ја игра втората сезона во турскиот тим и е вистински лидер во одбраната на Алањаспор. По девет одиграни кола, Алањаспор е лидер во турското првенство со седум победи и две нерешени, без пораз. Одбраната е челична и досега прими само три гола.

„Не можам да ви опишам каква болка ми донесе мојата зависност од алкохолот. Тоа е неверојатно. Секојдневно имаше многу ужасни ситуации. Искрено, побегнав во Турција затоа што тука никој не знаеше какви проблеми имав. Тоа ми даде шанса за нов почеток, а сега можам да бидам само посилен“, раскажува Кокер за својот некогашен голем проблем.

Некогашниот англиски репреентативец синоќа на својот Твитер профил се пофали дека точно две години е трезен и не се напил алкохол.

„Денес се точно две години како сум трезен. Како што многумина знаат, со години наназад се борев со зависноста од алкохол, а дури откако прифатив дека сум зависник, работите почнаа да се менуваат. Со помош на моите блиски и програмата за одвикнување во 12 чекори, успеав да го изградам мојот живот од почеток. Успеав да станам подобар татко, син, пријател“, порача Кокер во својот Твитер пост.

 

- Оглас -

Најнови вести