Играше за Манчестер јунајтед во ЛШ, сега е градежен работник

На многу фудбалери сон им било да го облечат дресот на најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед. Еден од оние на кого му успеало да биде дел од Црвените ѓаволи е Ли Рош. Тоа е фудбалерот кој за Манчестер јуанјтед дебитираше како 22-годишник, но немаше среќа да постигне нешто повеќе во фудбалската кариера, која му заврши шет години подоцна.

Рош за прв пат заигра во сениорскиот тим на Манчестер во 2001 година и тоа на дуело против Арсенал во Купот. Потоа Рош ја почувствува и магијата во Премиер лигата кога го носеше дресот на Црвените ѓаволи во мечот против Њукасл, а на крајот заигра и во Лигата на шампиони.

Гостувањето на Манчестер во Шпанија против Депортиво Ла Коруња ќе го памти Рош затоа што на теренот истрча од првата минута и тоа заедно со Гигс, Форлан, Бат, Флечер, Блан, О’Шеј и останатите. Манчестер победи со 2:0 на тој меч, кој воедно беше и последен за Рош како играч на гигантот од „Олд Трафорд“.

Подоцна играше за Барнли, Врексхам и нисколигашот Дројслен, кога реши на 27 години да ја заврши фудбалската кариера. Рош реши целосно да се тргне од фудбалот и започна да работи како градежен работник, кој сега има своја фирма.

„Не жалам за ништо. Мечот против Ла Коруња беше трет за мене во дресот на Манчестер, затоа што претходно играв проти Арсенал во Купот и против Њукасл во првенството. Единствено што сакам да потенцирам е дека додека бев во Манчестер, бев многу тивок и повлечен. Требаше повеќе да се дружам со соиграчите. Кога ќе завршеше тренингот, јас веднаш заминував дома, да се дружам со моите пријатели. Мислам дека подобро ќе поминев ако повеќе се дружев со останатите фудбалери“, открива Рош, кој додава дека не сака да се фали премногу дека некогаш бил дел од најтрофејниот англиски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести