Игрите на голови се главни во Квотите на денот

Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот доколку ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 70.17.

АЗ Алкмар е апсолутен фаворит во дуелот со Екселсиор и предлогот на Sport Life е да одиграте на „кец во кец“ и средбата да заврши со два до шест постигнати гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.10.

Волфсбург, кој врза два порази во Бундеслигата му гостува на последнопласираниот тим на табелата, Шалке. На Волфсбург бодовите му се потребни во битката за европските купови, додека на Шалке за опстанок и затоа се очекува и двата тима да играат офанзивно. Гостите се благи фаворити и за Х2 & ГГ, квотата изнесува 2.30.

Милан против Торино ќе се обиде да ја прекине серијата од седум натпревари без пораз. Росонерите се фаворити и се добива квота 2.55 ако одиграте дека Милан ќе победи и ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

Бирмингам го пречека Вест Бромвич албион во градската дерби-пресметка во Чемпионшип дивизија. Тука се очекуваат голови и токму предлогот на Sport Life е за ваква игра. За играта двете екипи да дадат гол во првото или второто полувреме, квотата е најголема и изнесува 2.65.

Последниот предлог е од француската Лига 1 и деулот меѓу Ница и Ажаксио. И тука се очекуваат голови, па добивате квота од 2.15 доколку одиграте дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести