Игрите на голови се закон во Квотите на денот

Денешните натпревари од Квотите на денот ако ги одиграте сите пет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 48.4.

Првиот натпревар е од дуелот во Ла Лига меѓу Валенсија и Валјадолид. Лилјаците во последните кола ги очекува борба за опстанок и поради тоа тука предлогот е да се одигра дека нема да загуби, а двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.20.

Најголема е квотата за дуелот од Премиер лигата меѓу тимот кој се бори за опстанок, Евертон, и тимот кој брка пласман во Лигата на шампионите, Њукасл. Чавките во убедливиот триумф од 6:1 над Тотенхем се фаворити на вечерашниот дуел и тука предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.50 се добива ако одиграте дека Њукасл ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два гола на целиот натпревар.

Најмалата квота во денешните пет предлози изнесува 2.00, и тоа за два меча. На првиот дуел, Фиорентина е фаворит против Кремонезе во полуфиналната реванш-пресметка од Купот на Италија и вечерва се очекува победа на Виолетовите и да има помеѓу два и четири гола.

Вториот меч е од дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, каде што предлогот е да се одигра на голови, односно двата тима да постигнат гол и да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Петтиот предлог е од Ла лига и од дуелот меѓу Атлетик Билбао и Севилја. И тука предлогот е да се одигра на голови, односно да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести