Ихеаначо со бомба му донесе победа на Лестер, Лисиците итаат кон ЛШ (Видео)

Лестер губеше со 0-1 по првото полувреме против Кристал палас, но се разбуди навреме во второто полувреме и направи пресврт за триумф од 2-1 во Премиер лигата. Со оваа голема победа, Лисиците се зацврстија на третата позиција на табелата и сега имаат одлична прилика да влезат во Лигата на шампионите.

Победничкиот гол падна во 80-тата минута, кога Нигериецот Келечи Ихеаначо постигна супер гол со силен шут со левата нога во горниот агол од голот на гостите. Ихеаначо даде 11 гола на последните девет меча во сите натпреварувања. На 1 февруари Ихеаначо немаше дадено ниту еден погодок, а сега е на 10, во феноменална серија е и периодов нема поефикасен играч од него во Премиер лигата.

https://twitter.com/i/status/1386782530175709186

- Оглас -

Најнови вести