Ихеначо сам си најде прекар – Можете да ме викате мистер ВАР

Келечи Ихеначо донесе многу радост на „Кинг Пауер“ во Лестер, а со неговиот гол лисиците го прдолжија победничкиот поход во Премиерлигата. И веднаш по погодокот во 96. минута за триумф од 2:1 против Евертон, Ихеначо имаше интересна изјава и си најде нов прекар.

„Знаев дека е гол, иако видов дека ќе се проверува на ВАР системот. Сега можете слободно да ме викате Мистер ВАР“, се пошегува Нигериецот.

Ихеначо е играчот што го постигна првиот гол во историјата на англискиот фудбал, потврден низ системот наречен ВАР. Во мечот од ФА купот против нисколигашот Флитвуд таун во јануари лани, Ихеначо го постигна првиот гол што беше проверен со системот за спорни моменти и беше потврден како регуларен гол.

- Оглас -

Најнови вести