Икарди е во топ-форма, ќе остане во ПСЖ и по крајот на сезоната

На Мауро Икарди не му требаше многу време да почне да ги тресе мрежите во дресот на ПСЖ. Иако Аргентинецот ја пропушти цела претсезона чекајќи да му се разреши иднината и во редовите на францускиот првак се пресели во последниот ден од преодниот рок, тој веднаш ги покажа голгетерските способности, а со добрите партии ги натера челниците на клубот да ја активираат клаузулата.

ПСЖ го доведе Икарди од Интер на едногодишна позајмица со опција да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра. Светците ќе го сторат тоа, само не се знае дали ќе ја платат сумата во јануари или, пак, ќе го чекаат идниот летен преоден рок.

Икарди само во дебито не се запиша во листата на стрелците, а во последните три првенствени меча постигна четири гола, додека уште три ги даде во Лигата на шампионите. Со тоа екснапаѓачот на Интер брои седум гола на исто толку меча и една асистенција во дресот на ПСЖ, што потврдува дека се работи за врвен голгетер кој многу лесно може да му го земе местото на Единсон Кавани во нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести