Икарди одлучи: Ќе си седам уште две години во Интер и ќе ви ги зимам парите

Нема крај на сагата за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Мауро Икарди. Аргентинскиот напаѓач е скаран со челниците на Интер, но засега нема решение околу евентуалното заминување од „Џузепе Меаца“. Спортскиот директор Џузепе Марота изјави дека за следната сезона сигурно во тимот нема да сметаат на услугите на Икарди и Раџа Наинголан.

И по оваа изјава на Марота, Икарди не се најде воопшто загрижен, бидејќи има актуелен договор со Интер кој му трае уште две години.

„Ќе останам во Интер уште две години. Ќе си добивам плата и нема да одам никаде“, изјавил Икарди.

Како замена за Икарди во напаѓачкиот дел на екипата на Интер, треба да бидат донесени Ромелу Лукаку и Един Џеко.

- Оглас -

Најнови вести