Икарди посака осум милиони евра по сезона за да игра во Наполи

Сагата околу тоа каде Мауро Икарди ќе ја продолжи кариерата уште трае. Аргентинецот е играч на Интер, но многу веројатно дека ќе си замине од „Џузепе Меаца“, само не се знае неговата следна дестинација. Јувентус е главен фаворит, но во трката се вмешува и Наполи.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, најави дека воопшто нема да смета на Икарди во новата сезона, па сега се бара нов клуб за него. Аргентинецот побарал плата од осум милиони евра ако сака Наполи да го доведе, што би го направил еден од најскапоплатените играчи во Серија А.

Минатата сезона Икарди одигра 37 меча, во кои даде 17 гола, а имаше и пет асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести