Икарди стави лајк со кој ги налути и ги испровоцира интеристите

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди не ја пропушти приликата преку социјалните мрежи да го провоцира својот некогашен клуб Интер, па овојпат стави допаѓање на објавата на Леонардо Бонучи, кој објави фотографија од соблекувалната на Јувентус како Бјанконерите го слават пласманот во финалето на Купот на Италија откако во полуфиналето го елиминираа ривалот од Милано.

Икарди беше и капитен на Интер, но имаше недоразбирања со клубот и прво беше позајмен, потоа и продаден во ПСЖ. Сега е член на Светците од Париз, но и таму не е во прв план, па изгледа уште се надева на трансфер во Јуве. Тој никогаш не криел дека сака да го облече дресот на Старата дама, а договорот со ПСЖ му е до 2024 година и тешко дека ќе го одработи до крај.

- Оглас -

Најнови вести