Икарди тргна по стапките на Мбапе

Пари Сен Жермен играше сериозно и го совлада Анже со 4-0, па се зацврсти на првата позиција на табелата во францускиот фудбалски шампионат со 21 бода од девет кола (седум победи и два порази).

Пабло Сарабија даде гол за 1-0, а потоа имаше две асистенции, со што се наметна како играч на натпреварот. Шпанецот по петти пат во 2019 година успеа и да погоди и да асистира на ист меч. Вториот гол го даде Мауро Икарди, кој стана првиот играч по Килијан Мбапе од септември 2017 година, кој на првиот лигашки меч како стартер во редовите на „светците“, постигнал гол.

Да не остане покус, во листата на стрелците се запиша и Нејмар. Бразилецот сезонава во Лига 1 не даде гол само против Ремс.

- Оглас -

Најнови вести