Икс во прво полвреме е одлична игра за мечевите од шпанската лига

На екипите од шпанската прва лига, сезонава како да им требаат 45 минути за загревање и испитување на силите, па после да почнат да даваат голови. Барем така покажуваат бројките.

Во пресрет на денешниот ден, сезонава во Примера се одиграле 221 меча, а дури на 84 од нив првото полувреме завршило без гол, со резултатот 0-0. Тоа се дури 38 проценти од мечевите. Ако на ова се додадат и дуелите на кои било 1-1, се доаѓа до податок дека речиси на половината мечеви, било нерешено по првото полувреме.

Атлетико Мадрид е шампион кога станува збор за бројот на мечеви со 0-0 на полувреме, но сезонава и Реал Мадрид многу често игра на малку погодоци. Затоа и според просекот на голови по меч во Топ 5 лигите, шпанската (2,52) сезонава е поефикасна само од француската лига (2,49). Најмногу голови паѓаат во Германија, по 3,2 гола по натпревар, следува Италија со 2,90, трета е англиската премиерлига со 2,76 голови по меч.

Овие статистички податоци покажуваат дека големи се шансите да погодите доколку сте се обложиле дека по првото полувреме ќе биде нерешено, или дека во второто полувреме ќе паднат повеќе голови отколку во првото.

- Оглас -

Најнови вести