Илчо Ѓорѓиоски во Грција започнува интернационална тренерска кариера

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, тренерската кариера ќе ја продолжи во екипата на Каламата во Грција, откриваат грчките медиуми. Каламата е тим кој се натпреварува во Втората Супер лига југ и моментално е на седмото место на табелата. По 12 одиграни кола, Каламата има пет победи, четири нерешени и три порази, но во последните пет кола има само еден триумф.

Ѓорѓиоски, кој беше прв човек на ФФМ во периодот од 2012 до 2018 година, тренерската кариера ја започна во Македонија Ѓорче Петров. Од 2007 до 2010 година беше предводник на Лавовите од Ѓорче Петров и во 2009 година со тимот се радуваше на титула во првенството, а играше и во финалето на Купот.

Потоа Ѓорѓиоски работеше во Вардар, каде што стигна до нова титулата во првенството, во 2012 година. Последната тренерска „станица“ во Македонија му беше во тимот на Брегалница Штип, од каде што си замина пред четири месеци. Сега за првпат тренерската кариера ја продолжува во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести