Иличиќ е махер за евроголови – Словенецот погоди од пола терен (Видео)

Јосип Иличиќ игра прекрасна сезона за Аталанта, а и вечерва доминира на мечот против Торино, со хет-трик за нешто повеќе од еден час игра.

Гостите водат со 5:0, а вториот гол на Иличиќ, или вкупно четврти на мечот беше вистинско ремек-дело. Словенецот ја фати одбраната на Торино и посебно голманот Сиригу на спиење и им даде гол од половина терен.

Аталанта ги прегази популарните бикови и води со 5:0 на нешто повеќе од 20 минути до крајот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести