Илиев го чека пехарот во Лигата на Европа и 100 илјади фунти бонус

Дејан Илиев има шанса да ја освои првата голема титула со Арсенал, а успех во финалето во Баку против Челзи ќе му донесе награда најмалку од 110 илјади евра.

На „топчиите“ им е ветена награда од 11 милиони евра за триумф во Лигата на Европа, со тоа што наградите ќе се движат во опсег од 110 до 570 илјади евра.

Најмногу би заработиле најстандардните играчи, а Илиев, кој ќе патува во Баку и е на списокот со 21 член на фудбалската експедиција би бил во групата што ќе добие најмалку, со оглед дека е ретко со првиот тим.

Во Баку ќе биде трет голман, зад стандардниот Бернд Лено и првата резерва Петр Чех, а ќе може да биде на клупата за резерви, според правилата на УЕФА.

Мечот ќе се игра на 29-ти мај, на „Олимпискиот стадион“ во Баку со почеток од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести