Илиевски: Шпанците се апсолутни фаворити, Македонија е рамноправна со останатите репрезентации

Шпанија е апсолутен фаворит во шестата група, а Македонија може рамноправно да игра со Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови, вели селекторот на младинците, Добринко Илиевски.

Илиевски присуствуваше на ждрепката што денеска се одржа во Нион, Швајцарија, а среќата ни ја донесе веројатно и најсилната млада селекција во Европа, Шпанија.

„Црвената фурија“ има екстра квалитетна млада селекција, грото од репрезентативците настапуваат во Ла Лига, која е број 1 на планетата и очекувано Шпанија е топ фаворит за првото место.

Голем проблем во квалификациите за играчи до 21 година е системот што го практикува УЕФА. На европските првенства играат само 12 селекции, па патот дотаму е пеколно тежок.

Само победниците на деветте групи и најдобрата второпласирана репрезентација низ бараж ќе патуваат за Унгарија и Словенија, кои се организатори на ЕП 2021 година и добија шанса директно да играат на шампионатот.

Македонија ќе ја почне авантурата на 10-ти септември следната година против Фарски Острови на домашен терен, еден месец подоцна, на 10-ти октомври ќе ѝ гостуваме на Црна Гора, а пет дена подоцна Казахстан ќе ни биде гостин.

Последните два меча во 2019 година ќе ги играме во номеври, на 14-ти против Шпанија на гости и на 19-ти против Фарски Острови повторно како гости.

На 26-ти март 2020 година ни доаѓа Израел, пет дена подоцна ќе играме повторно со нив, но како гости, а во септември и октомври ги завршуваме квалификациските настапи во шестата група со уште 3 дуели.

На осми септември ќе ја пречекаме Шпанија, еден месец подоцна патуваме за Казахстан, па завршуваме со Црна Гора на 13-ти октомври на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести