Илија е во форма: Несторовски му даде два гола на Унион Берлин

Удинезе и Унион Берлин во австриски Линц одиграа интересен пријателски меч кој заврши нерешено 3-3, а македонскиот напаѓач Илија Несторовски, беше двоен стрелец за италијанскиот тим.

Удинезе во почетниот состав тргна без класичен шпиц играч, Шпанецот Делофеу имаше улога на „лажна деветка“, но тој се повреди после само 14 минути игра, и на негово место на терен влезе Несторовски.

На Нестор не му требаше многу време, и 11 минути подоцна постигна гол за 1-0, а до крајот на првото полувреме на бундеслигашот му даде уште еден гол, потврдувајќи дека е во добра форма. Несторовски играше до 74-та минута.

- Оглас -

Најнови вести