Илија Несторовски донира за Општата болница во Прилеп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски донираше 2.000 евра за Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Популарниот Нестор-гол неколку пати бил прогласуван за спортист на годината во Прилеп, а освен што е голем фудбалер, покажа дека е и хуманист и знае да помогне кога е најпотребно.

Поради пандемијата со вирусот Ковид-19, Нестороски е сам во Удине, каде што неодамна го прослави 30-тиот роденден, а сопругата и децата се во неговиот роден град Прилеп.

„Како и сите, и јас во овие денови сум загрижен.Но, сигурен сум дека сите заедно сме посилни и ќе победиме во оваа битка.Моето семејство е далеку, ми недостасуваат сопругата и децата. Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе бидеме заедно.Ве молам да останете дома и да се придржувате на препораките на здравствените власти за доброто на сите.Ако го сториме тоа, можеме да спасиме многу луѓе“, е изјавата на Несторовски.

Општата болница во Прилеп на својата фејсбук-страница се заблагодари на помошта на Несторовски.

- Оглас -

Најнови вести