Илија Несторовски и во Удинезе ќе носи дрес со бројот 30

Илија Несторовски ќе потпише тригодишен договор со Удинезе и во својот нов клуб ќе го носи дресот со бројот 30. Ова го тврдат извори блиски до клубот од Удине.

Нестор веќше сè има договорено со Удинезе, а за официјализација на трансферот се чека само формално тој да добие исписница од сега веќе ексклубот Палермо. Освен со Несторовски, Удинезе нападот го засили и со 21-годишниот Шпанец Кристо Гонзалес, кој доаѓа од младиот тим на Реал Мадрид.

Удинезе, чиј тренер е Хрватот Игор Тудор, првиот контролен меч летово ќе го има задутре, против Равена.

- Оглас -

Најнови вести