Илијоски по шести пат во дресот на Работнички

Искусниот напаѓач Баже Илијоски официјално е првото зимско засилување за Работнички. Илијоски се врати во матичниот клуб потпишувајќи едногодишен договор со „романтичарите“.

Во изминатите 12 месеци го носеше дресот на Шкупи, а сега по шести пат ќе ги брани боите на четирикратниот национален првак. Триесет и четиригодишниот Илијоски важи за најдобриот голгетер во историјата на македонскиот фудбал, а во својата кариера како член на Работнички бележи учинок од 37 погодоци на 66 настапи.

Неговото доаѓање во Работнички сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Жикица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести