Екипата на Илинден победи со 2:1 на гостувањето кај Дељадровци во меч од 14. коло на општинската лига Гази Баба. Со овој триумф Илинден се искаќи на првото место на табелата, но е во исчекување на резултатот од дуелот меѓу Марино и Маџари (започна во 12:30 часот), каде екипата на Марино со победа ќе ја преземе лидерската позиција.
На теренот во Дељадровци, Илинден поведе со голот на Антонијо Крстевски во 35 минута, па гостите имаа предност од 1:0 по првите 45 минути. На стартот од вториот дел, радост за домаќините донесе Виктор Бошковски кога израмни на 1:1 во 51 минута.

Фаворитот Илинден за брзо време се консолидираше по примениот гол и само четири минути подоцна повторно поведе. Пепи Трајчевски ја затресе мрежата на Дељадровци во 55 минута за водство од 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

